| Младен СЪРБИНОВСКИ - Скопие
Пред десетина дена, на мојот домашен телефон кој ретко звони, а постојано се подслушува, ми се јави пријателски глас кого одамна го немам слушнато и сум го подзаборавил. Поетот Марин Георгиев ме кани да појдам во Софија и јас да кажам неколку забора на свеченоста организирана за покојниот професор, Тончо Жечев, и тоа не било каде, туку во хотел Шератон, среде Софија. Крајот на јануари е, годинешнава зима е мека, се нафатив, иако мојот повозрасен писателски собрат од другата страна на телефонскиот кабел, знае дека јас баш и немам костум за таков статусен хотел. Но ете, некоја необична фондација во свои редови прифака и такви како нас писателите, покажувајки дека нашето творештво некому нешто значи, а тоа и за мене е можност и јас да влезам во хотелскиот столичен сјај во кого одна- двор не еднаш сум се загледувал. Најпосле, ете и јас сум внатре и одбраните и поспособните и мене ке ме слушнат, и јас неколку минути, барем на кусо ке бидам еднаков Петко со мажите... Секој кој што дошол во Софија, поминал покрај оваа отмена градба со дискретниот шарм на буржоазијата. Внатре влегуваат финансиски добростоечките, а јас, некаков балкански писател, кој обично на еден ден идел до Софија и секогаш во скромна финансиска кондиција, само сум поминувал и погледнувал мегу тешките пердинъа зад кои се наога светот на сјајот што однатре зрачи како симбол на богатство, мок и престиж. Во такво заведение отсекогаш влегувале и одседнувале крунисани глави, мокници од кои зависеле държави, региони, па и светот, оние кои штотуку се збогатиле па сега тука им е новото статусно место, како и оние што се изгубиле па дошле на последно кафе за збогум. Во овој хотел се меткаат угладени бизнисмени, доушници, ветрогони, лажговци, продавачки на лъубов, тука се славело, озбору- вало, прелъубувало, преговарало, заговарало... И сите што овде влегувале, сите очекуваат дека нешто во животот им се променило кога одвнатре изле- гуваат. И што можам сега јас да кажам за Тончо Жечев умната глава, вистински генератор на мислата што застана пред една деценија? Јас само можам да речам дека неговата идеја од неговата велика книга за българскиот Велигден е копнеж не само на Българите, таа е општ занес на сите единки и народи на светот. Желба и занес по Велигден е вознес по ново възраждане, копнеж по својот идеал. Таа состојба на патос е придвижувачка, таа само бара крилја, со неа само што не се полетува, а човек сака да е птида, но како идеја, без доволно мудрост, таа е меч со две острици, некогаш градивна, но често и од таа пуста желба за сопствен вознес, прејдува во наша лична или колективна катастрофа. Ние балканците имаме многу опит со такви возрожденски идеи што во наши раде испукувале и испукуваат. Јас доагам од еден таков реон каде што до неодамна, десет години тие идеи кърваво работеа за да се создадат балкански идеални държави. И балкански идеални територии и народи. Вие, българските грагани во близина на тие идеални граници, идеи и намери, овој пат покажа- вте како вашата несовършеност направи да останете настрана од нив и на кој начин несовършени се додържавте. Само вие не побаравте идеална балканска държава, туку сосема нејуначки и небалкански, се потрудивте да влезете и влеговте со големи маки и одрекуванъа во несовършената европска заеднида. Българскиот граганин опстана како балканска несовършеност, како несовършеност го препозна Европа и таков го прими во своите редови. Тоа е вашиот дофатен колективен Велигден. Тоа е основната мисла на покојниот проф. Жечев. И убеден сум, на вашата несовършеност многу- мина ви завидуваат и треба да ви завидуваат совършените балканци, особено од совършено проектирениот македонизам за пропаст на мојата Македонија, а одамна време е, и ние да се замис- лиме над сопственото балканско совершенство и да си го побараме европското несовършенство. Што може тука Бългaриja да направи? Само едно. Својата несовършеност да ја шири како европска зараза. Българинот е почетното, малото, човечко, рудиментирано во нас балканците. Без Българинот останатите балканци одамна би биле надлуге, ибермени, българинот им пречи што не се престорили во тоа, што нешто мало, топлочовечко ги врака кон малото, кон себе, кон лугето и кон Европа. Тоа е тоа гърдо човечко несовършенство со које сите ние се одликуваме, а од кое божем бегаме. И Европа до скоро бегаше од тоа. Од себе. И од Българща. Европа дури откако се побългари стана поевропска. Европа е дом за таквите, за слабите и кравките. Българща се врати после векови балкански мегдани и јуначенва мегу нив. Мегу слабите. Мегу европејците. Тончо Жечев зборува за идеалите на таков Велигден, на слабите и незаштит- ените. На силните не им треба Велигден, тие се постојано во возрожденска еуфорија. За нив секој ден е Великден. Јас, класично несовершено битие од нajсoвършeнaтa балканска проекција, Македонија, стојам под сводовите на овој хотел и со ова мое кратко слово, на крајов, сакам да ве потсетам на малите, на несовършените работни, златни раде на непознатите готвачи од кујната на овој хотел кои што сега подготвуваат и сервираат совершени деликатеси за нас. Она што ке ви го соопштам, вие го знаете, но да ве потсетам, тие несовършени пръсти кога прават совършен сооднос од разни продукти во една чинија или чаша, од големиот број на нарачки, затоа што во таа нивна бързанида можат да згрешат и да стават повторно ист продукт по два пати, на чиниите или чашите, одозгора ставаат некаков нивни занаетчиски знак: јагода, череша, филија портокал, малина... И келнерот кој секој момент зема и сервира, не треба секој пат да прашува што е готово за сервиранъе. Тој знае што е готово во кујната затоа што со занаетски поглед го чита готварското мени, што за нас од останатите професии, тој негов занаетски поглед връз чиниите со на вървот некаков украс, значи: връв на успехот. Признавам, јас вечерва се чувствувам мегу вас така. Токму како јаготка на връв на пудинг. И повторно ви благодарам за тоа. Ете, вечерва во тоа се престорија моите долги денови и години на работа во мојата тивка естетска кујна. И така треба. На писателот не му треба толку често да прет- стојува вака, под светлината на вакви кристални сали. Нему местото му е во кујната. Ова се простории за успешните. Тие што имаат ум, тие мис- лат како да направат пари, тие што имаат пари, а не се умни, бъргу ке ги изгубат, а тие што имаат и ум и пари, тие можат многу нешто да придвижат и направат. И за себе и, во случајов, за европејска Българща. Кој знае, можеби по некој пат и за нас од кујната, ке се сетат. Кој знае, можеби ке се сетат и за оној надвор сега кој поминува и лъубопитно погледнува низ цепките на дебелите пердинъа од овој сјај. И тој е Българща и Европа. И таа готвачка во кујната која работи за мала заплата и ни ги подготви овие деликатеси. И таа е Българща и Европа. И вие сите тука, сте Българща. И Европа. Затоа што во овој момент помисливте за сите надвор од овој сјај. Тоа е патот до новиот български и европски Велигден. Да се надеваме и македонски. Нашите добри мајки дома кога квасуваат млеко, знаете, во садот со стопленото млеко, на одредена температура и услови, му ставаат малку маја за тоа да се кваси. Не поведе од една лажида. Само една лажида лактобадил булгарика од кој се прави световноизвесниот български јогурт. Ако е мала Българща, таа со својата добрина, работливост и човечка топлина може многу нешто да направи за Европа. Може да биде нејзин позитивен, човечки лактобадил на добрината. Една капка човечка топлина и вселената може да ја стопли! Во тоа сум одамна убеден. Европа на Българща тоа нема нико- гаш да и го заборави. Утринава тръгнува^и за Софија, ги видов първите кокичинъа и се преплашив од зимата. Мојата градина е летиште на пролетта. А Българщ'а, летиште на Велигден. Затоа, да ги дигнеме чашите со течното, чрвено здравје и за Македонија и за Българща и за Европа. - За нашиот нов, европски Велигден! Януари 2014 г. |